АМСМ СЛУЖБА ЗА ПОМОШ И ИНФОРМАЦИИ известува:
ПРЕНАСОЧУВАЊЕ НА СООБРАЌАЈ: Поради изведување на градежни работи на експресниот пат од Градско до Дреново, поточно кај клучката Градско, сообраќајот на автопатот Е-75 ќе се одвива со девијации, односно пренасочување. Пренасочувањето на сообраќајот е предвидено да трае во наредните 4 (четири) дена.
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.