23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Шилегов на МТВ: Бас рапид транзитот е оценет за најеколошки јавен транспорт во Европа

„Завчера е распишан тендерот за Бас рапид транзитот, што претставува супстуција на трамвај во нашиот град, нешто за кое што зборуваме 40 години. Ние го доведовме до имплементација со обезбедна финансиска конструкција, каде што ЕБРД е носител на целиот процес, а не градот. Овој проект е означен како најеколошки проект за јавен транспорт во Европа, од страна на банката“ кажа кандидатот за градоначалник на Град Скопје од СДСМ и коалицијата, Петре Шилегов во неговото гостување на МТВ.

Тој додаде дека во исто време се работи и на т.н. „бајпас“ коридотри околу центарот на градот со цел намалување на сообраќајот во најурбаното градско јадро.

„Мостот што го правиме во Аеродром им овозможува на граѓаните од Ново Лисиче да одат до Карпош и обратно без да влегуваат во центарот. Поради истата причина се прави и мостот кај старата железничка под Лимак. Тоа овозможува Бас рапид транзитот да го донесеме во средината, низ центарот и да ја добиеме најголемата пешачка зона во Европа“ рече Шилегов.

Како што објасни градоначалникот на Град Скопје, со БРТ системот целосно ќе се реорганизира јавниот сообраќај во градот.