9. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Шилегов на МТВ: Да не дозволиме ГУП-от да го носат истите што неповратно го уништија градот

„Ако дозволиме Генералниот урбанистички план во 2022 година да го донесат истите луѓе што го донесоа во 2012, ќе живееме во ситите кризи што живееме сега во урбанистичка смисла. Имаме делови од градот што се неповратни, а тоа не смееме да дозволиме да се случи со остатокот од градот“ кажа кандидатот за граодначалник на Град Скопје од СДСМ и коалциијата, Петре Шилетгов на МТВ.

Тој додаде дека стратегијата за развој на градот е тој да се шири кон северниот дел, со цел да се заштитат оние делови каде што сега има прекумерка урбанизација.

„Градот мора да се шири, тоа е природен процес, но доколку сега не се постави стратегијата за наредните 20 или 30 години, повторно ќе ни се јават проблемите кои ги имаме сега. Затоа мора фокусот да го префлиме во северниот дел. Затоа го правиме мостот во Карпош 4, кој ќе се спои со булевар Словенија и де факто ќе означиме простор каде што инфраструктурно градот ќе може да продолжи да се развива“ кажа Шилегов.

Тој додаде дека со неговиот тим има стратегија за енергетска политика, зазеленување и инфраструктура која верува дека граѓантие ќе ја препознаат и ќе овозможат Скопје за 4 години да биде сосема поинаков град, квалитетен, европски и модерен.

Можеби ќе ве интересира

Ковачки со апел од Илинден: Масовно излезете на 19 октомври и гласање за број 9

ДЕСК

Мицкоски: На овие избори има две опции СДС-ДУИ- Левица кои се нереформирани „како до сега“ и ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата која е за развој и напредок на Македонија

ДЕСК

Филипче: Мицкоски воведува нов данок за граѓаните, ДДВ и на евтините пратки

ДЕСК