25. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Герасимовски: Граѓаните ќе имаат целосен увид и ќе знаат што ќе се гради во нивната околина

„Ветувам дека како иден градоначалник и како идно општинско раководство ќе бидеме отворени и транспарентни во работењето. Што поблиску до граѓаните и целосен увид за граѓаните како општината работи и функционира преку дигитално поднесување на документи, рече денеска Горан Герасимовски, кандидат за градоначалник на општина Центар од СДСМ и Коалицијата на вечерашната последна дебатна емисија „Топ Тема“ на телевизија Телма.
Тој најави дигитална апликација во која граѓаните преку самото поднесување на документи ќе имаат и увид до каде е нивниот доставен предмет, самата реализација но и што ќе има во околина.
“Се подготвува една апликација која треба да се изгласа на Совет каде што граѓаните преку самото поднесување ќе имаат увид до каде е нивниот доставен предмет, до каде е самата реализација, ќе може да постават прашања, критики, пофалби во однос на самото работење, дополнително да имаат увид не само тие што поднеле барање на градба и слично туку и самите граѓани да имаат можност да знаат што ќе се прави во таа околина. Јас на пример, купив стан пред 10 години, а не знаев дека до мене ќе се гради зграда повисока од мојата која за жал ми го покри станот, просторот за дишење и видикот. Значи целосно отворена општина почнувајќи од заедничко носење на буџет, целосен увид и учество на граѓаните, дополнително увид што се сè планира во нивниот реон, во нивната урбана заедница како ќе се урбанизира и како ќе тече самата градба“, изјави Герасимовски на Телма.
Дополнително рече тој без отстапки ќе се почитува 20% зеленило во градежна парцела и задолжителен паркинг простор, а не како досега 20% на кров или на балкони, задолжително во градежна парцела, потенцираше Герасимовски.
За крај тој повтори дека неговата програма е конкретна, прецизна и нуди решенија за најголемите проблеми во општината. Со изборот за него општина Центар ќе доживее позитивни промени и заедно со граѓаните ќе го направи многу позелен и многу почист. Тој очекува дека граѓаните во недела во поголем број ќе излезат на гласање и ќе му ја дадат довербата за Центар да продолжи напред.