23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

РКЕ: Бег ќе треба порано да стартува со испорака на топлина во дистрибутивниот систем, и тоа од 6 до 22 часот – сметките ќе останат исти

Регулаторна комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) го одобри дополнувањето на Мрежните правила за дистрибуција на топлинска енергија за греење на Балкан Енерџи ДООЕЛ Скопје со кои се овозможува БЕГ порано да стартува со испорака на топлината во дистрибутивниот систем.

„На стартот на грејната сезона, БЕГ во неколку објекти изврши пробно тестирање преку оптимизација на испорака на топлинска енергија. Со новиот режим радијаторите уште од три часот изутрина пополека ќе почнат да се затоплуваат за да се постигне пропишаната температура од 6 до 22 часот. Оптимизираниот режим на испорака ќе овозможи да се зголеми квалитетот и комфорот на живеење. Пропишаната температура од 6 до 22 часот е загарантирана, а сметките ќе останат исти.“ изјави Марко Бислимоски, претседател на Регулаторна комисија за енергетика и водни услуги.

Новиот оптимизиран режим на испорака ќе придонесе за намалување на осцилацијата на внатрешните температури во објектите. Количината на потребната топлинска енергија ќе остане непроменета, бидејќи со зголемувањето на времето на испорака ќе се намали ангажираната моќност на објектите.