24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

„Големо благодарам за министерот“: Бардовчани се сретнаа со Маричиќ

Барањата на граѓаните се полсушани ова не беше лесна одлука ниту нешто што можеше веднаш да се направи, но го завршивме успешно во интереси и брање на граѓаните, кажа министерот за правда Бојан Маричиќ во врска со вчерашната одлука на Владата за стопирање на градбата на Центарот за странци во Бардовци на сердба со жителите на Бардовци кои изминатиот период бараа тој објект да не се гради во нивната населба.

-Две министерства се задолжени да бараат нова локација вон населено место, така како што бараа граѓаните на Бардовци. Мислам дека е ова голема победа за граѓаните, но голема победа и успех и за Владата, затоа што Владата не може без граѓаните, ниту граѓаните без Вледата. Во овој дијалог имаа граѓаните дилеми, проблеми, стравови… Ние покажавме дека сакаме да ги слушнеме и дилемите и стравовите на граѓаните и не само што сакаме да ги чуеме, туку сакаме да ги и уважиме и да донесеме соодветни одлуки за да имаат мирен и спокоен живот, и за да веруваат во институциите, рече министерот Маричиќ.

Претставник од граѓаните од Бардовц истакна дека ова е успех на граѓаните, но без министерот и без Владата немало да успее и да го постигнеме овој договор.

-Министерот кажа сè. Голема поддршка до сите граѓани кои се бореа три месеци заедно со нас и што успеавме на крај заедно да склучиме договор и да ги надминеме сите овие препреки и да дојдеме до заеднички одлуки. Едно големо благодарам за министерот, рече претставникoт.

Владата на вчерашната седница донесе одлука за стопирање на изградбата на Прифатниот центар за странци во Бардовца и негово преместување на локација надвор од државата на живеење. Ова, како што е објавено на Фејсбук профилот на Владата, доаѓа како одговор на барањето на граѓаните на Бардовца и Волково, кои со месеци протестираат против изградбата на центарот.

„Граѓаните имаа оправдани дилеми за кои постојано се обраќаа до централните институции, до општина Карпош и до меѓународната заедница. Во директна комуникација со граѓаните на Бардовца, Владата ги почитува нивните аргументи и во транспарентна постапка ќе побара нова локација надвор од местото на живеење за да се реализира овој значаен проект“, објави Владата на Фејсбук.