На вечерашното интервју на ТВ24 со Младен Чадиковски, градоначалникот Шилегов објасни како БРТ и планот за најголема пешака зона во Европа се надополнуваат еден со друг.
„За мене стандард за Скопје е кејот 13-ти ноември. Кој што беше, условно кажано панаѓурски, стана едно прекрасно шеталиште со слободен простор и изглед и квалитет и скопјани ја имаат можноста да уживаат во него. Тоа е нешто што сакаме да го мултиплицираме во најголемата пешачка зона. Кога ќе ги затвориме главните сообраќајни коридори од големиот ринг, вие ќе ја имате најголемата пешачка зона во Европа од Градска Болница до Палома Бјанка и од Стара Железничка до Бит Пазар.“
Единствените возила кои ќе можат да поминуваат низ оваа пешачка зона се возилата на БРТ и техничкиот сообраќај и додаде: „Зборуваме дека од Ново Лисиче до Ѓорче ќе идете за 35 минути со 23 станици, ќе знаете дека имате возила на секои три и пол минути, тоа ќе ви овозможи да си го испланирате времето што ви е потребно да стасате, тоа ќе дестимулира возење на автомобили, тоа ќе значи брз и евтин превоз, картата купена во кој било автобус ви важи во БРТ и обратно, тоа значи дека за 30 денари ќе можете да стигнете од едниот до другиот крај на градот.“