26. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Инцидент во Велес – прободено едно лице, полицијата приведе повеќемина

На 26.10.2021 околу 02.00 часот, полициски службеници од СВР Велес ги лишиле од слобода И.А.(24), Ѓ.Ш.(28), Б.Х.(24) и Б.Д.(20), сите од Велес, затоа што околу 01.30 часот учествувале во меѓусебна физичка пресметка во домот на И.А. и Ѓ.Ш., при што И.А. со остар предмет му нанел убодни рани на Е.У.. Според пријавеното, на настанот му претходела физичка пресметка помеѓу И.А. и Б.Х. на ул.„Ѓорѓи Димитров“ во Велес. Повредениот бил пренесен во болницата во Велес за укажување лекарска помош. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.