24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Опозицијата фатена на дело: Со оваа апликација биле правени лажни Viber четови со измислени пораки?

Дали била користена апликацијата Вибер Messenger Fake Chat, за да се состават лажни вибер комуникации кои ги објави опозицијата.

Ова не е прв пат како опозицијата објавува измислени разговори, креирани, преку апликација која треба да експортира скреен-шотови од разговори.

Ваквите четови може да ги направи и 9 годишно дете, но доколку ги направи возрасен истото е казниво по закон, со оглед дека се користени лични податоци на луѓе, а притоа преку медиумската харанга преплатена со пари од маслиновото масло од Унгарија брутално преку фејк страници на социјалните мрежи ги шири, со цел да влијае врз изборниот процес.

-Вибер месинџер фејк чет, може да се симне бесплатно на секој андроид уред, и корисникот има можност да постави имиња и фотографии на истите, по што си составува чет. Оваа апликација всушност се користи за забавни цели, но нашата опозициска партија ја злоупотребува за лажни вести и креирање на лажна слика. Вакви апликации има безброј не само со вибер дизајн, туку и за сите останати популарни апликации, најчесто се бесплати, а доколку сакате да изгледа уште попрофесионално може и да платите.

Интересно е што сето ова доаѓа од политичка партија која беше замешана во најголемиот скандал со прислушкување во историјата на Балканот, а ова беше седмата бомба за тоа како криминалците со брутален фалсификат, притисок и закани ги крадеа изборите. На крајот од секоја бомба, се извикуваше паролата Режим никогаш повеќе!