28. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Нова автобуска линија за жителите на Трнодол и Жданец

Соопштение на Душко Весковски:

Потребите на граѓаните, жители на Општина Карпош, се нашиот приоритет. Врз основа на потребите на граѓаните, но и врз основа на проектот за новата мрежа на линии од јавниот транспорт во градот Скопје, од понеделник, 25.10.2021 се отвара новата автобуска линија со број 29, која ќе сообраќа од Жданец, преку Трнодол, до Карпош 3 („Сити мол“) и обратно со почетна/крајна станица во Жданец, на улица „Жданец“, а во Карпош 3 на улица „МАНАПО“, на почетно/крајната станица на линија 7 и 59 кај „Сити мол“.

„Чест ми е да Ве известам дека жителите на Општина Карпош, односно Жданец и Трнодол добиваат нова автобуска линија која почнувајќи од понеделник, 25 октомври ќе профункционира на барање на жителите на Жданец и Трнодол, за да им се олесни пристапот до централниот дел на општината и градот, а истовремено и како предлог решение за организиран јавен превоз од/до посочените населени места, имајќи го во предвид проектот за новата мрежа на линии од јавниот транспорт во градот Скопје“ – изјави Душко Весковски, кандидат за градоначалник на Општина Карпош.

Карпош може и мора да продолжи напред со цел пресретнување на потребите на сите карпошани.

Можеби ќе ве интересира

Физички го нападнале и го удирале со боксови и клоци по целото тело и глава – детали за убиството во Кавадарци

ДЕСК

Денес е неработен, а веќе следниот месец следува продолжен викенд – Еве ги преостанатите празници до крајот на 2025

ДЕСК

Спречен обид за криумчарење препарати за заштита на растенија преку ГП Меџитлија

ДЕСК