9. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Победа и голема одговорност

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, по завршување на изборниот ден, посочи дека победиле а со тоа доаѓа и одговорноста. Тој се обрати на социјалните мрежи, каде се заблагодари на сите граѓани.

„Народот е определен. Надежта e родена. За секој човек во Македонија. Заеднички за новата иднина. Победа и голема одговорност! Ви благодарам народе на Македонија!“, напиша Мицкоски.

Претходно, пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков, посочи дека партијата не ги знае резултатите, но од социјалните мрежи виделе охрабрени луѓе кои давале поддршка за партијата и нејзините кандидати за градоначалници и советници. Тој додаде и дека тие регистрирале притисоци и нерегуларности.

Можеби ќе ве интересира

Бујар Османи најави предвремени парламентарни избори во март или април

ДЕСК

„Божиновска со амбасадорот Сулстром: Шведска поддршка за енергетски реформи и инфраструктурни проекти во Македонија “

ДЕСК

Истрага против четири лица за препродавање на дрога

ДЕСК