27. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Шилегов: И покрај пандемијата успеавме да купиме 33 квалитетни еколошки автобуси, а не кинески како ВМРО ДПМНЕ

– Она што се случи во овие 4 години беше развој и на перифериите на градот. Од кандидатите Данела Арсовска и Петар Георгиевски не видов целосен концепт. Сите имаат желби, меѓутоа желбите и реализацијата се различни. Сите сакаме модерно Скопје, а досега видовме само список со желби, потенцира Шилегов.
Според него, ако претендираат да бидат градоначалници, треба да ги знаат основните работи.

– Сите сте против мене затоа што јас сум актуелен градоначалник, и тоа е нормално и во ред е да се биде политички противкандидат, дополни Шилегов.
Тој донесе документи според кои над 135.000 евра се уплатени за кампањата на Данела Арсовска, од членови на ВМРО-ДПМНЕ од Пробиштип, Пехчево, како и пратеници.
– Ги мамите граѓаните дека сте независна, а чесно е на граѓаните да и кажете дека сте кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, луѓето што ја плаќаат вашата кампања ме атакуваат мене и моето семејство, дали сте се запрашале како се чувствува моето семејство?, ја запраша Шилегов кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ Арсовска, која го избегна одговорот.
Тој посочи дека градот е внесен во поинаков правец, од град во кој работите не се движеле во град што е динамичен и најави дека во наредните четири години градот ќе ги надмине проблемите од областа на инфраструктурата, како и сообраќајот.
– Универзалната сала ќе биде готова до Нова година, а внатрешноста ноември следната година, најави Шилегов одговарајќи на прашање кога ќе завршат градежните работи на овој објект.
Тој рече дека во 2019-тата година имала најголем буџет и сепак потоа поради пандемијата дел од парите се пренаменети.

– Сепак независно од тоа, инфраструктурно многу работи, бас рапит транзитот се веќе пред фаза на реализација, не е само желба туку веќе гледа реалност, изградивме булевари, купивме 33 еколошки автобуси, а не кинески како оние на ВМРО-ДПМНЕ и тие го намалија загадувањето, појасни Шилегов.