7. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАБИЗНИС

Жито пром – Гевгелија ги претстави новите колачи 4U на Саемот „Ануга“ во Келн

Од 9-13 октомври, Жито пром – Гевгелија учествуваше на најголемиот саем за храна и пијалоци Ануга во Келн, Германија. Промоцијата таму значеше и вклучување во мисијата на Ануга за претставување креативни концепти и иновативни производи. Годинашното мото на саемот беше Вкуси ја иднината, што кореспондира и со новата линија колачи на Жито пром.

– Ануга како еден од најголемите светски водечки саеми се организира повеќе од 100 години. Фокусот на саемот се нови, иновативни производи и трендови. Како дел од тоа имавме шанса покрај постоечките производи – кроасаните, да ја презентираме и новата линија на колачи којашто како проект е поддржана од Фондот за иновации. Проширената палета брои 10 нови производи во две категории – традиционални колачи со вистински путер и функционални колачи збогатени со состојки корисни за здравјето. Со ова, го следиме трендот за развој на производи што покрај задоволување на потребата за нешто слатко, имаат голема придобивка и за човечкото здравје. Средбите и квалитетот на новите контакти контакти што таму ги остваривме, ги надминаа и нашите очекувања. Веруваме дека покрај постоечките 20 пазари каде што извезуваме, нашите производи ќе се најдат и на полиците во многу други земји – вели Татјана Танева -Новаковска, бизнис менаџер на Жито пром.

Жито пром е семејна компанија од Гевгелија со речиси 25 годишна традиција. На македонскиот, но и на над 20 странски пазари се препознатливи по брендот 4U, кој се одликува со специфичен вкус и висок квалитет. Клучот за ваквата препознатливост на кроасаните 4U се заокружениот процес на производство и љубовта кон работата што компанијата ги негува веќе четврт век.

Вкусот и квалитетот на новите колачи 4U наскоро ќе биде претставен и пред потрошувачите во Македонија.

Можеби ќе ве интересира

Тошковски преку социјалните мрежи кажа дека нема да поднесе оставка

ДЕСК

Изготвен извештај за предизборното медиумско претставување од 10 август до 28 септември 2025

ДЕСК

Атанасов: Гевгелија ќе биде град што дише со своите луѓе и работи за граѓаните

ДЕСК