23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Герасимовски: Нема да има градба во Центар која нема да биде усогласена со ГУП-от, 20 % зеленило и паркинг во парцелата

„Имаме добра победничка програма која е составена од сите предлози, идеи со кои се соочуваат граѓаните во секоја урбана заедница, во секое маало, на секоја улица и нудиме решенија за истите“, изјави Горан Герасимовски кандидатот за градоначалник на општина Центар од СДСМ и Коалицијата во денешното гостување на Утрински брифинг на Слободна ТВ. Во општина Центар има ДУП-ови кои се донесени во ВМРО-ДПМНЕ и кои се ревидираат. СДСМ во изминатите четири години има мораториум кој на двапати беше укинат и за чие време се правеше усогласување на ДУО-ови и ГУП-вие со цел да се направи поголема зелена површина. Односно од девет ревидирани ДУП-ови општина Центар има добиено дополнителни 14000 метри зелена површина.

„На местото спроти Олимписки Базен каде што сега е изграден памтрак таму беше нацртан хотел. Значи наша цел, заложба моја ќе биде ревидирање на останатите ДУП-ови се со цел да го заштитиме Центар од бетонизација. Имало висококатници ќе ја намалиме катноста, имало хотели ќе гледаме да нацртаме нешто за јавно добро дали ќе биде зеленило, училишта, културен центар се во интерес на граѓаните. Наша цел и заложба е да ги ревидираме сите останати ДУП-ови се со цел да ослободиме што повеќе површина за граѓаните “ изјави Герасимовски во Слободна Тв.

Тој најави хумана урбанизација во општината преку намалување на градбите и што повеќе зеленило за јавно добро. За комплексната градба кај Холидеј ин Герасимовски рече дека околу 40% од земјиштето е државно и тој нема да дозволи ниту педа од тоа земјиште да се искористи за приватни цели или за бетонизација туку за јавно добро зелена површина, градинки или училишта.

Исто така Герасимовски беше дециден и најави дека во општина Центар нема да се дозволи градба која ќе отстапи од законите односно која нема да има предвидено 20% зеленило и паркинг простор во парцелата.