Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Нуредини-Мортон: Обединетото Кралство ја поддржува Северна Македонија во остварување на амбициозните национални климатски цели

Министерката за Европа и Америка на Обединетото Кралство Н.Е. Венди Мортон, која престојува во работна посета на нашата земја, оствари работна средба со министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини.

Фокусот на разговорите беше на амбициите на Република Северна Македонија во справување со климатските промени во пресрет на COP26, кој годинава ќе се одржи во Глазгов.

Министерката Мортон ја потврди поддршката на Британската Влада за постигнување на амбициозните цели дефинирани во ревидираниот Национално Утврден Придонес кон Договорот од Париз. Во дискусијата особено беше наглесена потребата од вклучување на сите засегнати страни и пошироката јавност како единствен начин за постигнување на поставените таргети. Исто така акцентирана беше и важноста на едукацијата, подигањето на јавната свест и промената на навиките во однос на животната средина.

Министерот Нуредини ги потврди заложбите на Владата на Република Северна Македонија за преминување од јаглен кон обновливи извори на енергија и се заблагодари на континуираната поддршка од Британската Влада кон овој комплексен процес

Можеби ќе ве интересира

Талевски до Тошковски: Дали граничните центри се укинуваат за да се овозможи шверц на мигранти?

ДЕСК

Царинска управа: кривична пријава за криумчарење пиротехника – запленети и цигари и фалсификувана стока

ДЕСК

Кривична пријава против управител и против правно лице за одгледување на канабис за медицински цели, одземени еден килограм и 260 грама марихуана

ДЕСК