Завршил зад решетки за продажба на дрога, а сега е кандидат за градоначалник на општина Гази Бабa?
Бобан Стефковски од ВМРО-ДПМНЕ е уште еден од низата кандидати на партијата со сомнително минато, кои се поврзуваат со сторени кривични дела. Според информациите, пред повеќе од десет години, за пуштање во промет на наркотични дроги, поточно за над половина килограм марихуана, на Стефковски му била изречена три месеца затворска казна, пишува Lokalno.mk.