19. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАвест

Приведен српски државјанин, превезувал мигранти

На 12.10.2021 околу 11.00 часот на влез во Гевгелија, полициски службеници од Полициска станица за граничен премин „Богородица“ го лишиле од слобода М.А.(47) од Република Србија. Во патничкото моторно возило „шкода суперб“ со српски национални ознаки, кое го управувал, превезувал две лица мигранти – A.J.(30) од Индија и М.M.(29) од Пакистан. За настанот е известен јавен обвинител, а М.А. бил предаден на полициски службеници од Регионален центар за гранични работи Југ.

Лицата мигранти се сместени во Транзитен центар „Винојуг“ во Гевгелија за понатамошна постапка.

Можеби ќе ве интересира

Сите гласови од немоќните, болните и затворениците се запечатени во посебни коверти и гласачка кутија, истата се отпечатува дури во недела во 19 часот кога ќе бидат затворени гласачките места низ Републиката

ДЕСК

Утре се слави Светиот апостол Тома

ДЕСК

Закани кон членови на Избирачки одбори и вработени од кандидат за градоначалник – обвинува политичка партија

ДЕСК