Утре, 13.10.2021 (среда), се отвора третата книжарница на „САКАМ КНИГИ“ во ТЦ Лептокарија. По повод отворањето, Сакам Книги најавуваат 30% попуст на СИТЕ нивни изданија, нови книги, убава музика, фина дружба на отворено и секако нешто за заблажување душа! Книжарницата се наоѓа во ТЦ Лептокарија, веднаш спроти Ревија Бар – во централниот дел на трговскиот.
Отворањето на новата книжарница ќе биде одбележано и разубавено со:
1) 30% попуст на СИТЕ нивни изданија и 15% попуст на колекционерската едиција!
2) Две НОВИ книги: „Скулпторот на смртта“ од Крис Картер и „ПОДАРОКОТ: 12 лекции кои ќе ви го спасат животот“ од Едит Егер пристигнуваат од печатница специјално за отворањето.
3) Фино музиче со „IN THE MOOD“ – BLUES DUO од 16:30 до 18:30 часот.
4) Над 4 000 книги од голем број македонски, српски, хрватски, англиски и американски издавачи.
5) Картички за лојалност, аксесоари и низа друга радости.
Работно време на книжарницата ќе биде од 9:00 до 21:00 часот.
ПР