23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Македонија не памети ваква инвестиција, 69 ветерници за производство на струја од ветер

„Продолжуваме со преминот кон извори на чиста енергија преку примената на еколошките извори на енергија: вода, сонце и ветер, се со цел исфрлање на употребата на јагленот како извор на енергија“, изјави премиерот Зоран Заев на денешната прес конференција највувајќи ја најголемата странска инвестиција во историјата на државата.

На потегот од Куманово до Крива Паланка ќе никнат 69 ветерници, три пати повеќе од оние кај границата со Грција
Ќе се гради ветерен парк со име „Вирови” кој ќе биде најголемиот капацитет од обновливи извори на енергија во Северна Македонија.

Колку за споредба, станува збор за капацитет кој го имаат двата блока на инсталиран капацитет од РЕК Битола во најдобри години. РЕК Битола има вкупно три блока, најави премиерот Заев на денешната прес конференција.

Овој проект е повеќе од половина од тие 700 мегавати предвидени во нашата стратегија и заедно со веќе изградената кај Богданци и со издадените досегашни овластувања од Владата, бројката поминува над 600 мегавати, што е 85 проценти од предвидените во Стратегијата.

Германската компанија WPD, ќе гради 415 мегаватна ветерна електрана на потегот Куманово – Старо Нагоричане – Ранковце- Крива Паланка, во вредност од околу 500 милиони евра. Премиерот Зоран Заев, на прес-конференцијата во присуство на амбасадорката на Германија Анке Холштајн, како и претставници на менаџментот на компанијата, истакна дека ова не е само најголемата германска инвестиција во земјава, тука ова е најголемата директна гринфилд инвестиција во македонската економија, воопшто, од независноста до денес.

Големите инвеститори ги препознаваат економските можности, безбедноста и стабилноста на земјата и носат храбри одлуки за инвестирање во Северна Македонија.