„Комитетот за светско и културно наследство на УНЕСКО ги препозна и уважи напорите на Владата и локалната самоуправа и со консензус донесе одлука природното и културното наследство на охридскиот регион да не биде ставено како наследство во опасност. Но, знаеме дека работата не е завршена, мора да продолжиме да дејствуваме ск максимална ангажираност, посветеност и заедништво“ кажа премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев на трибината „Најдоброто за мојата општина“ во Охрид.
Тој додаде дека охриѓани треба да го поддржат актуелниот градоначалник Константин Георгиевски за нов мандат со цел продолжување во издигнувањето на Охрид меѓу европските градови од светски интерес со унапреден туризам.
„Охриѓани заслужуваат да живеат во својот роден град, од својот труд, но по највисоки европкси стандарди, како што доликува на град со светска вредност и реткост. Потребно е да се задржи континуитетот на напредокот, бидејќи Охрид е нашето најдобро и го заслужува најдоброто“ рече Заев.
Тој додаде дека Охрид ќе продолжи да ја има поддршката од централната власт со цел да се издигне од Балксански Ерусалим во Европски Охрид и најави дека во периодот што престои ќе се засили соработката со Албананија за целосна имплементација на планот за управување со охридскиот регион.