24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Алијанса за Албанците: Oпштините управувани од ДУИ не изгледаат како нормални места за живеење

Врнежите од дожд што ја зафатија нашата земја во последните денови, уште еднаш го потврдија неуспехот на ДУИ, велат од Алијанса за Албанците.

Од таму додаваат дека и после толку години владеење, општините управувани од градоначалниците на ДУИ, не изгледаат како нормални места за живеење, бидејќи се занемарени во секоја насока.

„Во 2021 година сме и се уште да се зборува за суштински проблеми, за уништени улици кои на лидерите на ДУИ им беа доволни сите овие години на влада да ги поправат, доволно зборува за нивото на раководството на ДУИ, и пред се е срам и беда. Само во изборни кампањи, ДУИ ги посетува жителите на овие општини, го јаде срамот и оди и бара гласови од жителите, постојано ги повторуваат истите празни ветувања кои со години, злоупотребајќи ја довербата на народот, никогаш не ги реализирале и жителите на овие општини ги оставаат во заборав и на милост на судбината. Јавно ги прашуваме лидерите на ДУИ: Зарем воопшто не се срамите од себе и од народот кога чекорите по оние улици кои пред вашето лице го отсликуваат еден од многуте ваши неуспеси?“, пишува во писмениот допис од Алијанса за Албанците.

Од оваа партија потенцираат дека 17 -ти октомври ќе биде денот кога, како што велат, овие неуспеси ќе се претворат во најголема казна за ДУИ.

„Затоа што народот те ценува, и народот казнува. 17 октомври што е толку близу, ќе се претвори во вашиот најголем кошмар, но, исто така, ќе биде и денот на ослободување на овој народ од оваа ваша трајна узурпација, затоа што управувањето ќе ја преземеме ние што знаеме да ја цениме довербата дадена од народот, како што докажавме во општините каде што управува коалицијата АА-ААА, каде направивме за 4 години, она што ДУИ не може да го направи веќе 20 години“, се нагласува во соопштението од Алијанса за Албанците.