24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Ненад Коциќ за Велес: Паркинг простор за секое семејство

Еден од приоритетите на Ненад Коциќ, кандидат за градоначалник на Велес од СДСМ е генерална реорганизација на локалните инстиуции и пред се на ЈКП „Дервен“ затоа што тоа се два пректи поврзани. Проектот „администрација поблиска до граѓаните“ ќе има задача на граѓаните да им одговори на барњата во рок од 24 часа.

Втората задача е реорганизација на ЈКП Дервен, со цел зголемена ефикасност во решавањето на проблемот со комуналната хигиена. Соред зборовите на Коциќ на „Дервен“ му се потребни повеќе луѓе на терен кои ја одржуваат јавната хигиена. Дотолку повеќе што ова комунално претпријатие беше едно од најоштетените и најзадолжените. Но она што сега се случува, е што сите долгови сега се вратени. ЈКП „Дервен“ освен тоа го зголеми својот парк со возила за собирање смет, па разбирливо е што таму има потреба од зголемување и на бројот на вработените. При тоа не мислам на зголемување на администрацијата, туку на работно ангажирани лица, смета Ненад Коциќ.

„Во однос на сообраќакниот хаос во нашата програма се предвидува паркинг простор за секое семесјтво и тоа се однесува за станбените згради. Поспецифична е состојбата со повисоките дделови на градот каде улиците се тесни, а автомобили многу. Решението во инсталирање монтажни гаражи на јавен простор. И затоа веќе има таргетирано соодветен простор. Во тој план влегува и подземната гаража во центарот на Велсе која е веќе проектирана“, рече Ненад Коциќ на дебата на Телма.

Трета задача за која се залага Коциќ е да се види д каде е со донесување на ГУП от затоа што има огромни барња од страна а бизнис секторот но и на граѓаните.