Градоначалникот Петре Шилегов денеска се сретна со градоначалникот на Цетиње, Црна Гора, Александар Кашќелан, Амбасадорката на Црна Гора Н.Е. Марија Петровиќ, како и со шефот на Кабинетот и шефицата на протоколот на Градоначалникот на Цетиње, Дејан Лучиќ и Ивана Јовиќевиќ.
На билатералната средба, двајцата градоначалници разговараа за соработката меѓу Скопје и Цетиње и за можностите таа соработка меѓу двата града да се продлабочи.
На состанокот се зборуваше и за концептот на зелени градови, планирањето на просторот и за урбаната отпорност, како и актуелни теми кои ги засегаат и двете локални самоуправи.
Шилегов и Кашќелан разговараа и за можностите за забрзан економски развој на Скопје и на Цетиње и за актуелни теми кои ги засегаат и двете локални самоуправи.