Денеска кандидатот за градоначалник на СДСМ и Коалицијата, Оливер Илиевски оствари средба со жителите на Љубодраг, Бабин дол и Вера Которка. На средбата жителите истакнаа скоро исти проблеми во сите три места и најголемиот дел беа во врска со водовод, канализација и асфалт.
“Градиме канализација со приклучок на водоводна мрежа, ќе реконструираме повеќе улици и ќе изградиме пешачка зона со дрвореди. Пред вас давам завет дека сето ова ќе се исполни” – потенцираше Илиевски.
За населбата Бабин дол Илиевски истакна дека ќе биде изработен урбанистичкиот план за утврдување на правниот статус на населбата како и нејзино поврзување со Менкова колиба.
На средбите Илиевски додаде и дека најмалку два пати во годината ќе остварува исти вакви средби со жителите за да разговараат до каде се реализирани проектите кои се предвидени.