17.8 C
Скопје
22. септември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МОЗАИК

Кралицата Елизабета вработува готвач на слатки

95-годишната британска монархиња бара готвач за пециво, односно Demi Chef de Partie, кој ќе треба да создаде низа кулинарски задоволства за сите настани што ги одржува кралското семејство во текот на годината.

Описот на работата на веб-страницата Royal Household има дел „За вас“, во кој се наведени основните карактеристики кои мора да ги поседува идеалниот кандидат.

Во него стои: „Како што очекувавте, стандардите и вниманието кон деталите овде се исклучително високи, и секој ден е напорен , така што ќе треба да бидете амбициозен и квалификуван готвач – мајстор за пецива со искуство најмалку една или две години.“

„Можеби сте имале некое претходно искуство во кујна со пет sвездички или слично опкружување, но ваша способност и ентузијазам е ефикасно да ги испорачате сите аспекти на кујната за пецива кои ги бараме.“