На 05.10.2021 во 21.00 часот во с.Јажинце, полициски службеници од Полициската станица за Граничен надзор Рогачево ги лишиле од слобода С.И.(34) од с.Слатино, тетовско и Н.Е.(35) од с.Јажинце, тетовско.
При преглед во патничко моторно возило „гранд чироки“, во кое биле двајцата, пронајдени се куршуми за карабин непознат калибар и пиштол „цз-75“, кој со дозвола го поседувал С.И.. Тие биле задржани во полициска станица, а за настанот бил известен и Јавен обвинител.