7. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

“Целта ни е пред очи”: Фон дер Лајен пред самитот во Словенија рече дека Западен Балкан припаѓа на ЕУ

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, истакна денеска, во пресрет на Самитот ЕУ-Западен Балкан на Брдо кај Крањ, дека со овој собир Унијата испраќа многу важна порака до регионот, а тоа е дека Западен Балкан припаѓа на ЕУ.

Сакаме да испратиме многу јасна порака, а тоа е дека Западен Балкан припаѓа на ЕУ. Ние ги сакаме во ЕУ. Ние сме едно европско семејство. Делиме иста историја, вредности и убедена сум во истата судбина – рече таа.

Фон дер Лајен нагласи дека членките на ЕУ сакаат интеграција на Западен Балкан бидејќи знаат дека тоа е добро и за Западен Балкан и за ЕУ.

– Имаме заеднички интереси и можеме да се развиваме подобро заедно. Интеграцијата на Западен Балкан на заедничкиот пазар мора да напредува. Мојата порака до Западен Балкан е – ве сакаме во ЕУ, продолжете со реформите, целта е пред нашите очи – рече претседателот на Европската комисија.

Таа оцени дека земјите од Западен Балкан постигнаа значителен напредок во реформите, но и дека треба да се работи повеќе во областа на владеењето на правото, правдата и слободата на медиумите.

– Но, ние мора да го признаеме напредокот што е постигнат – нагласува фон дер Лајен.

Таа додаде дека Економскиот и инвестицискиот план за Западен Балкан ќе биде една од важните теми за време на Самитот, нагласувајќи ја важноста на регионалната пазарна интеграција.

– Со Економскиот и инвестицискиот план од речиси 30 милијарди евра, ќе можеме да направиме вистинска разлика и да инвестираме во проекти за Зелена агенда, дигитализација и оние што се корисни за регионот – вели Фон дер Лајен.

Пред Самитот, претседателот на ЕК потсети дека ЕУ е најголемиот партнер во регионот и оцени дека граѓаните од Западен Балкан можат да имаат најмногу придобивки од ЕУ.

– Висок квалитет, сигурност, транспарентност и јасна идеја за цената, без услови – вели Лајен.

Таа го истакна огромниот позитивен ефект што интеграцијата во ЕУ го имаше врз земјите -членки, почнувајќи од подемот на стандардите, растот на економијата, до зајакнувањето на демократијата.

Можеби ќе ве интересира

Свадба во затворот во Струмица (ФОТО)

ДЕСК

Спасен параглајдеристот кој висеше закачен на дрво високо над 30 метри

ДЕСК

Спасувачка акција на повреден параглајдерист закачен на дрво високо над 30 метри

ДЕСК