7. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Николовски: Владата ги усвои измените на клучните закони за процесот на дигитализација

На вчерашната седница Владата ги усвои измените на следниве закони: Законот за личната карта, Законот за матичниот број, Законот за државјанството на РСМ, Законот за личното име, Законот за патните исправи на државјаните на Република Северна Македонија и Законот за пријавување на живеалиштето и престојувалиштето на граѓаните.

„Со новите измени се овозможува граѓанинот да може да поднесе барање и преку средство за електронска идентификација преку Националниот портал за електронски услуги во согласност со прописите од областа на електронското управување и електронските услуги. Воедно, потребните документи што се потребни во постапката институцијата ги прибавува по службена должност преку Националната платформа за интероперабилност во согласност со прописите од областа на електронското управување и електронските услуги.

Наведените закони како прв дел од пакет-измените ќе овозможат целосна електронска комуникација на сите нивоа и помеѓу сите субјекти во правниот промет на начин што овозможуваат употреба на средства за електронска комуникација и електронска идентификација. Дополнително, овие закони овозможуваат електронско обезбедување административни услуги од поднесокот на барањето до издавање на актот со кој завршува постапката. Во истиот контекст, наведените процеси имаат цел дигитализација на процесите за кои се надлежни институциите од јавниот сектор и намалување на доказите што граѓаните и бизнисите ги доставуваат во постапки за остварување права или исполнување обврски пред надлежни органи. Имено, процесот на дигитализација, како механизам за спречување корупција, ќе обезбеди намалување на човечкиот фактор, односно намалување на субјективното влијание на службениците што ги водат постапките.

Исто така, овие измени се резултат на интензивната работа на работната група за подготовка на измени и дополнувања на закони заради дигитализација на процеси определени со закон“, информираат од кабинетот на вицепремиерот задолжен за борба против корупцијата.

Можеби ќе ве интересира

Откако било пријавено дека на улица во Скопје има вооружени лица со автомати, отишла полиција која била нападната – Детали за ужасниот инцидент во кој се уапсени три лица

ДЕСК

МЕТЕОРОЛОЗИТЕ НАЈАВУВААТ НОВ ТОПЛОТЕН БРАН: “Здравство” излезе со вонредно соопштение за зголемени температури во следните неколку дена – да се почитуваат општите препораки за заштита на здравјето

ДЕСК

Итно процесуирано едно лице за предизвикување меѓуетничка омраза, МВР и ОЈО продолжуваат да постапуваат

ДЕСК