25. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Георгиевски од Стајковци: Ја менуваме Гази Баба, таа станува не само наша, туку и гордост на цело Скопје, ќе продолжиме со Најдоброто во наредните 4 години

Кандидатот за градоначалник на СДСМ и Коалцијата за градоначалник на општина Гази Баба, Борис Георгиевски, вечерва пред граѓаните на Стајковци истакна дека пред четири години ја презел општината со долг од над 2 милиони евра целосно заборавена општина, оставена во 19 век.

Посветено работиме за секое населено место, неселективно и ги решаваме проблемите кои ги наследивме од минатото, истакна Георгивевски додавајќи дека во Стајковци, е реконструираана месната заедница, оштетена од поплавата во 2016, за поголема безбедност, во соработка со МВР, е отворена канцеларија за превенција, реконструирана и обновена е водоводната мрежа на улиците 5, 6 и 25, комплетно се реконструирани улиците 6, 7,8, 9 и 10, улицата од училиштето Кирил и Методиј до новите гробишта, паботиме на атмосферскиот канал на улица 6, важен за регулација на атмосферските води.

Тој истакна дека лекцијата од 2016 година е научена за никогаш да не се повтори и најави поставување на спомен обележје за жртвите од големата поплава.

За прв пат извршивме пошумување на Скопска Црна Гора засадувајќи 15 илјади багреми, пред четири години Раштак и Булачани немаа вода за пиење, денес имаат нова водоводна мрежа со поставени водомери во домаќинствата, веќе обезбедуваме нов, сигурен извор, од Скопска Црна Гора за двете населени места, рече Георгиевски, додавајќи дека со истиот метод е продолжува во Брњарци и Страчинци.

Децениските проблеми ги решаваме овде, градиме фекална канализација во Смилковци и Црешево, а продолжуваме во Страчинци, Виниче, Раштак, Булачани и Брњарци, соопшти Георгиесвки. Градиме нови локални патишта од Страчинци до Виниче во должина од 2 километри, од училиштето во Булачани до викенд населбата од 1 километар, а во прва фаза го реконструиравме патот Раштак – Бутел. И не застануваме тука. Продолжуваме со нови проекти создавајќи го најдоброто за Гази Баба, нагласи Георгиевски.

Како градоначалник предложен од СДСМ и Коалицијата, за мене секој човек е важен, токму затоа, денес, Гази Баба, е општина во која рамномерно се инвестира за животот на жителите да е подобар, градиме водовиди, инфраструктруа, градинки и училишта, улици и пешачки патеки, порача Георгиевски.

За наредниот мандат Георгоевски најави изградба на 4 нови детски градинки во Синѓелиќ, Ќерамидница, Трубарево и Инџиково, со капацитет за нови 400 деца, реконструкција на домовите на култура во Ченто и Колонија,депонијата Вардариште станува минато, а просторот е планиран само за зеленило, спорт и рекреација.

Ја менуваме Гази Баба, таа станува не само наша, туку и гордост на цело Скопје и цела Македонија, со градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов докажавме дека Гази Баба е во приоритетите на градот и така ќе продолжиме во наредните 4 години, со Најдоброто за Гази Баба, за градот Скопје, порача кандидатот за градоначалник на СДСМ и Коалцијата за градоначалник на општина Гази Баба, Борис Георгиевски.