Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МЕТЕОCENTARМАКЕДОНИЈА

Утре наутро свежо, а преку ден сончево со мала облачност и температури до 26 степени

Утре, според најавите на УХМР, наутро ќе биде свежо, а преку денот сончево со мала локална облачност во јужните делови и со слаб јужен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 10, а максималната од 20 до 26 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со слаб јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 24 степени.

Како што информираaт од УХМР, уште утре ќе се задржи претежно сончево време, наутро студено. Од среда следува период на претежно облачно време, преку денот значително посвежо, со врнежи од дожд со променлив интензитет. Врнежите ќе бидат пообилни в четврток, особено во западните и југозападните делови. В среда и четврток ќе дува повремено засилен ветер од југоисточен правец.

Можеби ќе ве интересира

СЕ СПОМНУВААТ МАКЕДОНЦИ: Сиљановска-Давкова ја доби првата копија од Привилегијата од Светиот римски цар Леополд Први Хабзбуршки

ДЕСК

Следува реконструкција на Владата? ВМРО ДПМНЕ не е задоволна од двајцата министри од ЗНАМ, има незадоволство и кај свои министри, објави СДК

ДЕСК

Филипче: За правда, слобода и безбедност владата доби единица од ЕУ – драматичен пад во споредба со лани

ДЕСК