Фирма од Гостивар не се придржувала на протоколот за превоз на патници, па автобусите им биле исполнети повеќе од 75% колку што било дозволено во тој период.
Против фирмата и сопственикот се поднесени кривични пријави.
Исто така, кривични пријави се поднесени и против Н.И.(76) од с.Виштица – Липково, Љ.Ј.(47) од с.Черкези, кумановско, Ф.С.(35), Б.С.(29), Б.Ќ.(22), О.Ц.(47), Д.А.(23), сите пет од Куманово, Ш.А.(32) од с.Отља – Липково, З.Н.(35) од Охрид и А.Ј.(35) од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемијата“. Тие биле затекнати надвор од домот без дозвола за движење за време на забрана на движење.