1. октомври 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Георгиески: Го реализиравме процесот на раздолжување, го зачувавме статусот во УНЕСКО

„Се соочивме со општина која беше во големи проблеми, прво финансиски многу задолжена во финансиски дубиозна состојба со 1,7 милијарди денари долг. Започнавме процес на раздолжување и стигнавме до 295.000 денари долг и на праг сме да го завршиме тој процес на раздолжување на општината“, истакна кандидатот за градоначалник на Општина Охрид, Константин Георгиески во вечерашното гостување на дебатната емисија „Локални избори 2021“ на МРТ 1.
Тој рече дека од првиот ден како градоначалник се соочил со проблемот со статусот во УНЕСКО и заканата од ставање на Охридскиот регион на листата на светско наследство во опасност.
-Активно храбро и одлучно се боревме од првиот ден и денеска можеме да заклучиме дека го задржавме статусот на Охрид во УНЕСКО. Ги спроведовме сите постапки кои се бараа од нас, меѓутоа тоа бара континуитет и е процес кој мора да се продолжи, потенцираше Георгиески.