28. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Георгиески: Ја раздолживме општината, го задржавме статусот на Охрид во УНЕСКО

Кандидатот за градоначалник на Општина Охрид, Константин Георгиески во вечершното гостување на дебатната емисија „Локални избори 2021“ на МРТ 1, истака дека како локална власт работеле посветено, одговорно и домаќински и постигнале значителен успех, иако биле соочени низа проблеми во работењето.

-Се соочивме со општина која беше во големи проблеми, прво финансиски многу задолжена во финансиски дубиозна состојба со 1,7 милијарди денари долг. Започнавме процес на раздолжување и стигнавме до 295.000 денари долг и на праг сме да го завршиме тој процес на раздолжување на општината, истакна Георгиески.

Тој напомена дека од првиот ден како градоначалник се соочил со проблемот со статусот во УНЕСКО и заканата од ставање на Охридскиот регион на листата на светско наследство во опасност.

-Активно храбро и одлучно се боревме од првиот ден и денеска можеме да заклучиме дека го задржавме статусот на Охрид во УНЕСКО. Ги спроведовме сите постапки кои се бараа од нас, меѓутоа тоа бара континуитет и е процес кој мора да се продолжи, потенцираше Георгиески.