Град Скопје сака да даде појаснување во однос на информациите кои се објавени во неколку медиуми, а поврзани со снабдувањето со електрична енергија на Град Скопје по информациите дека Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) може да ја одземе лиценцата на компанија за снабдување со електрична енергија која има склучено договор со Град Скопје.
Снабдувањето на Град Скопје со електрична енергија не е доведено во прашање.
До овој момент Град Скопје нема официјално известување од Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) дека на компанијата со која има склучено договор за снабдување на електрична енергија и е одземена лиценцата за вршење на оваа дејност.
Дури и да се случи тоа, постојат механизми и гаранции каде во тој случај обврските од договорот за доставување на електрична енергија би ги превеле други компании или универзален снабдувач согласно законот, со што во никој случај градот нема да остане неосветлен.