22. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

ДУИ го претстави четвртиот приоритет – Зелената агенда

Демократската Унија за Интеграција (ДУИ), денеска го претстави четвртиот приоритет на платформата за локалните избори, Зелената агенда.

Насер Нуредини од ДУИ на денешната прес конференција истакна дека оваа Платформа и петте приоритети, кандидатите за градоначалници мора да им се придржуваат, бидејќи оваа Платформа ветува поразвиени општини, повисок животен стандард и вклученост на граѓаните во донесувањето
одлуки.

Нуредини нагласи дека Зелената агенда предвидува чисти градови, без отпад на нашите улици и населби, чиста вода за пиење во сите општини,
чист воздух, модерна патна инфраструктура, чиста и достапна енергија за сите граѓани.

„Зелената агенда значи заштита на водата, обезбедувајќи чиста вода за пиење за секој граѓанин без разлика дали живее во урбани или рурални
средини, како и изградба на канализациони мрежи, пречистителни станици како и чисти езера и чисти речни корита“, рече Насер Нуредини од ДУИ.

Можеби ќе ве интересира

Шаќири: Приоритет е враќањето на учениците на настава, покачување на платите ќе има

M T

ЗПВ Николовски: Ги поставивме темелите за спроведување на системски мерки за превенција од корупција и криминал, конфискацијата на имот е услов за истерување на правдата до крај

M T

Жените во руралните средини и нивната економската независност се стратешки приоритет на Рурална Коалиција

M T

Али Aхмети ги претстави петте програмски завети на ДУИ за локалните избори

M T

ДУИ: 130 милиони денари за фекална и атмосферска канализација во Гостивар

M T

Средба Шекеринска – Ериксен: Интегритетот во работењето е врвен приоритет

M T