24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

ВМРО-ДПМНЕ се уплаши од Законот за потекло на имот затоа што ќе важи и за поранешни функционери, реагира СДСМ

Соопштение на СДСМ:

Со денешната нервозна реакција, ВМРО-ДПМНЕ партијата симбол на корупција и криминал, го покажа стравот од Законот за потекло на имот.

Со Законот за потекло на имот освен актуелни, ќе бидат опфатени и поранешни државни функционери. Затоа е стравот во белиот дворец, кој е полн со oсудени лица или лица против кои се водат судски процеси за коруптивни дејствија.

Договорени тендери, енормно богатење на поединци од ВМРО-ДПМНЕ, преземање на цели бизниси, корупциски скандали, беа редовна појава за време на 11 годишниот режим на ВМРО-ДПМНЕ.

Денес, на дело имаме јасна антикорупциска политика на институциите кои се посветени на обезбедување силен, независен и ефикасен правосуден систем, нешто што беше и очигледно се уште е мисловна именка за ВМРО-ДПМНЕ.

Денес, никој не е над законите а сите институции се максимално посветени на бескомпромисна борба против секаков вид на криминал и корупција.