24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Маричиќ: Со нови закони до ефикасна борба против корупцијата

Министерот за правда, Бојан Маричиќ, на завршната конференција „Напредокот во борбата против организираниот криминал и корупцијата во контекст на планот за борба против корупцијата“, ја истакна поддршката што Министерството за правда ја дава во спроведувањето на проектите и активностите од акцијата 21 за европски стандарди дома преку реализација на предвидената законодавна агенда и спроведувајќи ги реформите.

„Веќе е изработена физибилити-студија за нов предлог-закон и во тек е процес на разработување модел за реална контрола на потекло на имотот. Се работи и на подготовката на измени и дополнувања на Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси со цел не само надминување на слабости во текстот на законот утврдени од страна на Државата комисија за спречување на корупцијата во неговата примена, туку и унапредување на инструментите за анализа на податоци што ѝ се потребни на Државната комисија во вршењето на своите надлежности“, потенцира министерот.

Маричиќ додаде дека ова е општествен проблем што не се решава преку ноќ, дека проблемот е системски и потребно е време. Борбата со корупцијата мора да биде континуирана, затоа остануваме цврсто на нашата определба и приоритет и таа борба ќе ја добиеме, додаде тој.