23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Тетовец нелегално емитувал телевизиски канали, имал цела листа на корисници

Тетовската полиција поднесе кривична пријава 37-годишниот Б.А. од овој град поради сомнение за сторено кривично дело повреда на авторски и сродни права.

Како што информираат од МВР, пријавениот, во текот на 2021 година, преку компјутерски средства, неовластено објавил, прикажал, дистрибуирал, емитувал и нудел услуги на крајни корисници поврзани со пристап до програмски сервис, без да биде лиценциран оператор, заведен во регистарот на даватели на вакви услуги.

На 25 јули годинава полициски службеници извршиле претрес во домот и помошни простории на пријавениот, при што биле пронајдени и одземени три преносни компјутери на кои имало елементи кои потекнуваат од кривичното дело.

Имено, на преноснитер комјутерите преку интернет-пребарувач било пристапувано и биле користени портали за продавање на IP ТV програми, а на еден компјутер бил пронајден и список со активни корисници на неговите услуги.