– На се уште незапочната кампања, наводната независна кандидатка за градоначалник на Скопје, Данела Арсовска почна да користи партиска реторика, реагираат од СДСМ во реакцијата која ја пренесуваме во целост:
Со идентитчни флоскули како на Христијан Мицкоски, на средба во Кисела Вода, Арсовска се потврдува како партиски војник на ВМРО-ДПМНЕ.
Арсовска, кадарот на Никола Груевски избрана од него, само за да го понесе поразот во Скопје, веќе не ни глуми дека е независна.
Што и да прави Мицкоски, како и да ги пакува партиските кандидати, нема да може да ја избегне казната што граѓаните ќе му ја испорачаат, затоа што многу добро знаат што ВМРО-ДПМНЕ 27 години му правеше на главниот град.
На овие локални избори, со ваква понуда на Мицкоски, на секого му е јасно дека Петре Шилегов со својот резултат и сработеното во Скопје е најдобрата понуда за скопјани и сигурен победник на изборите.