13. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Германски експерти ќе се вклучат во истрагата за пожарот во модуларната болница

Четворица германски експерти ќе бидат вклучени во истрагата за пожарот во тетовската модуларна болница,соопшти портпаролот на Владата Душко Арсовски.

Тој образложи дека германскиот тим од Федералната криминалистичка служба, кој треба да пристигне по завршената претходница деновиве е составен од двајца крим техничари и форензичари за истражување пожари, како и двајца крим техничари и форензичари за ласерско мерење на простории и за фотографирање.

Арсовски рече дека МВР веќе подготвува соодветна поддршка во форма на алат, нацрти, планови и други релевантни информации кои можат да помогнат во заедничкото утврдување на фактите.

Германските експерти ќе работат заедно со крим техничарите на МВР како поддршка на ОЈО при истрагата за утврдување на причините за пожарот во модуларната болница во Тетово.

Можеби ќе ве интересира

Шукова: Зелен кеј, модерни вело рути и безбедни јавни простори конкретни проекти за Ѓорче Петров

ДЕСК

Шукова: Враќање на природниот сјај на Вардар, заштита на екосистемот и корекција на штетните интервенции

ДЕСК

Хелсиншкиот комитет остро реагира против говорот на омраза во изборниот процес

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.