9. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Радев: Нема да има промена во политиките на новата преодна влада

Нема да има промена во политиката на новата привремена влада. Зајакнувањето на државноста останува главен приоритет, рече бугарскиот претседател Румен Радев без да одговори дали ќе има промена во составот на привремената влада.

На 16 септември, Радев ќе го претстави составот и структурата на новата привремена влада, рече претседателот. Потоа ќе се распушти националното собрание.

„Идната преодна влада ќе продолжи да работи за рехабилитација на државата, за враќање на довербата во институциите. Се надевам дека она што го постигна сегашната преодна влада и што ќе прави понатаму, ќе го преземе редовниот кабинет“, додаде Радев.

Претходно претседателот на Бугарија објави дека изборите ќе бидат „2 во 1″, односно и претседателски и парламентарни на 14 ноември.

Ова ќе бидат трети вонредни парламентарни избори годинава. На првите тесно победи Бојко Борисов, на вторите Слави Трифонов, но ниту едниот ниту другиот не успеаа да обезбедат мнозинство за формирање на Влада.

Можеби ќе ве интересира

ДЗС: Пронајдени и безбедно отстранети неексплодирани убојни средства од Првата светска војна во близина на граничниот премин Меџитлија и во Старо Градско

ДЕСК

ВМРО ДПМНЕ: Земјоделството врвен приоритет на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, исплатени над 407 милиони денари на скоро 8.000 земјоделци

ДЕСК

(ВИДЕО) Прес на Бране Петрушевски: Каде се СДС сега да го нападнат главниот обвинител Коцевски или да прашаат за некоја истрага?

ДЕСК