12. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Попишувањето продолжува со нормален интензитет

Државниот завод за статистика ја информира јавноста дека попишувањето продолжува со нормален интензитет и темпо и го поттикнува населението со доверба да ги примат попишувачите во нивните домови и да ги дадат потребните податоци, а сè со цел успешна реализација на овој статистички процес.

Во последниве денови се појавија голем број шпекулации околу тоа како се спроведува попишувањето во државата и со какви проблеми се соочува Државниот завод за статистика во теренските активности.
При спроведување на големи акции од типот на попис, со користење на високософистицирана технологија, сосема нормално е да се појавуваат технички проблеми кои се надминуваат во од, односно во најкус можен рок.
Зад оваа статистичка операција стои експертски тим за поддршка кој им е постојано на располагање на попишувачите и кој во живо го следи процесот на попишување на терен и интервенира во истиот момент доколку се појави некој проблем.

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски: 720 милиони денари за 36 спортски објекти

ДЕСК

Мицкоски: Издвоивме 170 милиони денари за инвертер клими за ранливите семејства

ДЕСК

Срам за Владата: Работниците и пензионери не се виновни за поскапувањата

ДЕСК