22. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Пред двеипол недели беа физички оштетени цевки за кислород во тетовската болница – беше спречена вистинска катастрофа

Вработените во тетовската болница на 23 август, увиделе дека има оштетување на системот за централен довод на кислород низ објектите, а за среќа тогаш немаше последици по пациентите. Оштетени биле две споредни цевки кои носат кислород од централниот систем до првиот објект ургетно-дијагностичкиот центар, додека снабдувањето до Ковид одделенијата одело непречено преку главната цевка.

-Изгледа имавме среќа сите 125 пациенти што ги имавме ги спасивме, бидејќи да имаше оштетување на главната цевка тоа ќе беше катастрофа и не би сакал да предвидам што би можело да се случи и што би можеле ние да направиме во тие моменти. Тоа би требало да значи транспорт на сите пациенти од сите одделенија, а имаме нетранспортибилни пациенти. Замислете би требало да има над 70 отсто од пациентите да се транспортираат итно, за наша среќа не се случи. Се надевам дека сега полиција ќе видат што се работи кој е авторот на ова дело, изјави тогаш д-р Гзим Нуредини, координатор во Ковид центарот на Клинича болница.

Вечерва тетовската ковид модуларна болница целосно изгоре. Има загинати, а причините за пожарот засега не се познати.

*фотографијата е илустративна