Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
вестМАКЕДОНИЈА

Битиќи од Гевгелија: Работите се менуваат на подобро, Поцков е најдобрата понуда за Гевгелија

Потпретседателот Фатмир Битиќи вечерва беше дел од промоцијата на кандидатот за градоначалник на општина Гевгелија, Сашко Поцков.

Пред присутните Битиќи истакна дека работите се менуваат на подобро како во Гевгелија така и низ целата држава, а сето тоа е препознаено и од граѓаните.

– На 17ти октомври Гевгелија ќе има лесна задача, а тоа е да избере кандидат кој си ја сака општината и се грижи за своите сограѓани, Сашко Поцков е тоа за Гевгелија. Во претходниот мандат тоа го докажа, со дела, тоа ќе продолжи и во следните 4 години. Овде во Гевгелија напрвено е многу и од локалната и од централната власт предводени од СДСМ, Индустриската зона во Гевгелија ќе заживее и во неа е планирано да почнат со работа 15 нови инвестиции со работни места кои се високо платени, порача Битиќи.

Битиќи посочи дека СДСМ и во иднина ќе продолжи да работи со и за граѓаните, за да обезбеди развој и напредок на секоја општина.

– Со засукани ракави, раце полни работа и срце со љубов за татковината. Така се работи, така се успева, така ќе го добиеме најдоброто за нашите општини, заклучи потпретседателот Битиќи.

Можеби ќе ве интересира

Управувале автомобили ПИЈАНИ, БЕЗ ВОЗАЧКИ, СО ГОЛЕМА БРЗИНА… – Изминатите три дена 1937 сообраќајни прекршоци на територија на цела држава, 447 за брзо возење

ДЕСК

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова прими претставници на Советот на амбасадори

ДЕСК

Министерот за внатрешни работи Тошковски присуствуваше на отпочнување на процесот за полагање на испит за ракување со оружје

ДЕСК