На 06.09.2021, полициски службеници од СВР Штип извршиле разговор со К.М. од Струмица – затвореник во Казнено поправниот дом – Затвор Штип затоа што претходно кај него била пронајдена прашкаста материја.
Прашкастата материја била подигната за понатамошна постапка, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.