23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Утре и задутре изменет режим на сообраќај во Скопје – Еве за кои улици ќе важи

Изменет режим на сообраќај во Скопје утре и задутре, 7 и 8 септември 2021

Поради подготовки за настанот по повод Денот на независноста, во централното градско подрачје на град Скопје утре 7.9.2021 година (вторник), почнувајќи од 11:00 часот затворени за сообраќај ќе бидат:

– ул. „11-ти Октомври“ и ул. „Димитрие Чупоски“ во правец на движење од ул. „Васил Главинов“ до ул. „Филип Втори Македонски“, додека спротивниот правец ќе биде отворен за сообраќај, а од 15:00 часот сообраќајот ќе биде затворен во двата правци.
– Од 23.00 часот на 7.9.2021 година до 11:00 часот на 8.9.2021 година дополнително затворени за сообраќај ќе бидат ул. „Даме Груев“ на потегот од крстосницата со ул. „Македонија“ до крстосницата со ул. „11-ти Октомври“ и ул. „Филип Втори” на потег од Кеј „13-ти Ноември“ до ул. „11-ти Октомври“ и ул. „11-ти Октомври“ на потегот од бул. „Кочо Рацин“до ул. „Даме Груев“.

На 8.9.2021 година (среда) ќе се одржи централната прослава „30 години независност“ и почнувајќи од 11:00 часот до завршување на настанот затворени за сообраќај ќе бидат:

– бул. „Кочо Рацин“ на потегот од крстосницата со бул. „Кузман Јосифовски Питу“ до ул. „Кирил и Методиј“,
– ул. „11-ти Октомври“ на потегот од ул. „Крушевска Република“ до ул. „Димитрие Чуповски“,
– ул. „Филип Втори“ на потегот од бул. „Гоце Делчев“ до ул. „11–ти Октомври“,
– кеј „13–ти Ноември“ на потегот од ул. „Филип Втори“ до бул. „Кочо Рацин“,
– ул. „Мирче Ацев“ на потегот од ул. „Филип Втори“ до бул. „Кочо Рацин“,
– ул. „Димитрија Чуповски“ на потегот од порта Македонија до бул. „Климент Охридски“,
– ул. „Даме Груев“ од крстосницата со ул. „Македонија“ до ул. „11-ти Октомври“.

Согласно наведеното Одделението за безбедност на патниот сообраќај при Сектор за внатрешни работи Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по горенаведените улици, при што сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници.

За таа цел Секторот за внатрешни работи Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот, со цел безбедност на сите учесници во сообраќајот.