22. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАЛОКАЛНО

НУРЕДИНИ од Гостивар: Секој заслужува достоинствени услови за живот и благосостојба

Министерот за животна средина и просторно плaнирање Насер Нуредини, Министерот за надворешни работи Бујар Османи и Министерот за економија Крешник Бектеши, придружувани од пратеници на зоната, денес извршија увид во градежните активности за изградба на фекалниот колектор и фекалната и атмосферската канализација за Урбан блок 21 во Гостивар.

Министерот Нуредини во изјава за медиумите истакна дека со овие капитални инвестиции го подигнуваме квалитетот на живеење, инвестираме во заштита на животната средина, и се грижиме за секој граѓанин, бидејќи секој заслужува достоинствени услови за живот и благосостојба.

„Средствата, од околу 130 милиони денари, за конкретниот проект се обезбедени од буџетот на Министертството за животна средина и просторно планирање, и треба да опслужи 2720 жители на Урбан блок 21 во градот Гостивар“, истакна Министерот Нуредини.

Вкупната должина на фекалниот колектор изнесува околу 4,7 км, додека вкупната должина на канализационата мрежа за Урбан блок 21 изнесува околу 2.8 км. Истотака, со проектот е предвидена и изградба на атмосферска канализација со должина од 2,4 км.

Покрај овој капитален проект, од буџетот на МЖСПП, во последните години беа обезбедени и реализирани различни проекти, како што е: подготовка на техничка документација за изградба на канализациониот систем во село Равен (900.000 денари), изградба на фекална канализација во село Чајле (5.503.462 денари), Чистење на диви депонии (7.053.096 денари), проектот за подготовка на техничка документација за изградба на канализациониот систем во село Форине (500.000 денари). Од буџетот за 2021, истотака се обезбедени 6.000.000 денари за изградба на канализациски систем за населените места Чајле, Форина, Млаки и Зона 7, за чиј почеток е потребно е да се достави документација од страна на општина Гостивар.

Дополнително, со оглед на важноста на депонијата Русино за граѓаните на Гостивар, Министерот Нуредини нагласи дека брзите мерки во Русино се веќе реализирани и ја најави втората фаза на проектот, за која се обезбедени дополнителни средства како грант во износ од 6,000,000,00 CHF од Владата на Швајцарија како и 17.370.614,00 евра заем од од ЕБОР (Европска банка за обнова и развој) за воспоставување на регионален систем за управување со отпад во сите општини на полошкиот регион.

Можеби ќе ве интересира

Нуредини: Кањонот Матка како заштитено подрачје има можности да стане една од главните туристички еко дестинации во државата

M T

Нуредини: Се раскинуваат Договорите за концесија за седум мали хидроелектрични централи во Националниот парк Шар Планина

M T

НУРЕДИНИ: Усвоен Предлог – Законот за Студенчишко Блато, се исполнува препораката на УНЕСКО

M T

Министерот за животна средина и просторно планирање Нуредини ќе одржи прес-конференција во врска со отворањето на понудите од тендерот за доделување на концесија за водата на Црна Река

M T

Нуредини: Потребни се усогласени и координирани активности за подобра заштита на прекуграничните заштитени подрачја

M T

НУРЕДИНИ: Очекувам првите количини на линдан безбедно да стигнат во Франција

M T