Во интервју за порталот Скопјеинфо, градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов беше запрашан за принципите врз основа на кои ги креира политиките во градот.
– Искрено сметам дека секој градоначалник пред и по преземањето на одговорноста да управува со градот мора постојано да си го поставува прашањето „дали е ова градот во кој заедно со своето семејство сакам да го поминам остатокот од својот живот?“, посочи градоначалникот Шилегов.
– Мојата визија за развојот на Скопје ја претставив пред граѓаните на изборите пред 4 години. Довербата ја добив заради тоа што таа визија во квалитативна смисла беше значително подобра од другите. Изминативе 4 години заедно со мојот тим посветено работевме на реализацијата на таа визија, додаде Шилегов.
– Секојдневните позитивни реакции на граѓаните за мене претставуваат валидна потврда дека сме на вистинскиот пат. Најголемата потврда очекувам да стигне на претстојните избори и тоа во првиот круг. Чесниот и одговорен пристап кон работата и предизвиците на средините во кои живееме секогаш носи успех, не знам зошто би било поразлично во мојот случај, потенцираше Шилегов.