23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

Асоцијацијата на спортски обложувалници бара државата итно да овозможи онлајн игри на среќа

Асоцијацијата на спортски обложувалници на Македонија (АСОМ) бара државата итно и трајно да овозможи онлајн игри на среќа преку сајтовите на македонските лиценцирани обложувалници.

„Пандемијата и мерките што ги презема државата за заштита од Ковид-19 сериозно влијаат на работата на спортските обложувалници. Конкретно, само во изминатите два дена драстично е намален прометот во објектите. Ние целосно ги разбираме и почитуваме мерките и протоколите за работа, но сето ова ги доведува во прашање опстанокот на бизнисот и ги загрозува работните места на вработените во спортските обложувалници. Од тука, сметаме дека онлајн игрите на среќа се безбедно решение за играчите и одржливо решение за нашата индустрија која има силен социо-економски придонес во државната економија, особено во ситуација на актуелната пандемија со која се справуваат државата и светот“, велат од АСОМ.

Уредбата која Владата ја донесе минатата година, а со која времено се овозможи онлајн игри на среќа преку македонските лиценцирани сајтови, велат од таму, се покажа како одлично решение за бизнисот и за државата. Уредбата придонесе спортските обложувалници да ги задржат сите вработени, но и да се овозможи прилив на средства во државниот буџет и кревката економија погодена од ковид-кризата. Таа се покажа како одличен механизам за одржливост на оваа стопанска гранка која вработува околу 3.500 луѓе и придонесува во државниот буџет со над 250 милиони евра годишно.

Во периодот додека на важност беше Уредбата, според пресметките на АСОМ, од мај до декември 2020 година, од 4-те посто посебна давачка за онлајн се слеале околу 35 милиони денари, а од 15-те посто данок на личен доход, околу 65 милиони денари, или вкупно 100 милиони денари за пет месеци, само од онлајн. Перспективно, само од оваа услуга, државата би инкасирала многу поголеми средства во буџетот, потенцираат од Асоцијацијата.

Додаваат дека секоја година од индустријата на игри на среќа државниот и локалните буџети инкасираат повеќе од 250 милиони евра.

Можеби ќе ве интересира

Во средните училишта во Тетово и Гостивар наставата ќе се одвива онлајн

M T

13 лица се приведени, приредувале игри на среќа без лиценца

M T

Маричиќ: Судството покажа дека може да функционира онлајн

CENTAR MKD