25. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

ДКСК: Појаснување во врска со вашата објава за изјавата на претседателката на ДКСК

Сите досега искажани ставови од страна на ДКСК се во насока на зајакнување на интегритетот на институциите, демократските принципи и борбата против корупцијата на сите нивоа со цел да се зајакне и подигне нивната примена на повисоко ниво во општеството во интерес на демократскиот развој, велат од ДКСК.

ДКСК е независна институција основана од Собранието на РСМ како највисок израз на демократијата и делува единствено во таа насока. Оттука сите активности на ДКСК вклучувајќи ја и веќе започнатата кампања за интегритет, се согласно надлежностите на Комисијата дефинирани во член 17 од Законот за спречување корупција и судир на интереси. Имено, Кампањата за интегритет е активност во рамки на ИПА проектот за„Промовирање на транспарентност и отчетност во јавната администрација“, финансиран од Европската унија.

Имајќи предвид дека станува збор за независна институција, сите активности кои ги спроведува Комисијата не се детерминирани од политичките процеси, велат од ДКСК реагирајќи на информацијата објавена на Centar.mk со наслов Двојни аршини – Антокорупциска распишала тендер за кампања, а претседателката Ивановска во исто време ги критикува владините кампањи и истражувања.